ПОСВЕТЕНИ ДА ГИ НАПРАВИМЕ НАШИТЕ НЕВЕСТИ СОВРШЕНИ!

Честитки! Твојата свадба доаѓа! Не се грижи, нашиот тим е тука да работи со тебе на сите детали и да го постигнеме заедно изгледот за кој што сонуваш!

Нашите креации се рачно изработени, според точните мерки на нашите невести и поради тоа можеме заедно да креираме твој уникатен фустан според твоите желби и твојата фигура за да бидеме сигурни дека ќе бидеш најсреќна на твојот најубав ден од животот!

НАШАТА МИСИЈА

Ана Корчаги претставува бренд со мисија да го направи процесот на нарачување венчаници незаборавен момент кој е исполнет со позитивни емоции. Ние не шиеме обични фустани, ние дизајнираме креации со страст, автентичност и креативност.

НАШАТА ВИЗИЈА

Секоја жена треба да се чувствува самоуверено во нејзиниот совршен венчален фустан на најубавиот ден од животот! Нашата мисија е да докажеме дека секоја жена без разлика на годините и обликот на телото може да изгледа апсолутно прекрасно!

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Секој ден ги збогатуваме нашите планови за креации со нови идеи бидејки со тоа поттикнуваме раст на бизнисот кој е есенцијален за успех. Нашата мотивација се должи на упорната работа и радоста која ја гледаме во девојките кои на крај се целосно среќни со изборот кој го направиле и едвај чекаат да ја носат нивната венчаница!

error: Content is protected !! / Содржината е заштитена